Логистичка поддршка

Ingram Micro обезбедува високо ниво на логистичка поддршка врз основа на долгогодишното искуство. Постојат модерни глобални магацини во Русија, Финска, Унгарија и Полска што овозможува испорака на опрема на било која локација во CIS и CEE регионите. Опремата се складира во магацини кои се достапни во секоја земја во која е отворена наша канцеларија, а со тоа и достапна и доставена до нашите партнери и корисници. Капацитетот на магацинскиот простор, оптимизираниот транспорт и интегрираната испорака, заедно со ефикасната организација, овозможува опремата да стигне до крајните дестинации за најкраток можен рок.